Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, утре во Скопје го почнува настапот на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европско првенство.
Македонскиот национален тим во првото коло, утре од 13 часот, игра со Босна и Херцеговина, а натпреварот ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Истовремено, на стадионот во Ѓорче Петров, силите и знаењето ќе си ги одмерат Англија и Луксембург.
За пласман во елитната фаза квалификации, потребно е да се освои прво или второ место на турнирот во Скопје. Групата е тешка, бидејќи Англија и БиХ со оваа генерација играа на ЕП за играчи до 17 години. Селектор на оваа генерација македонски фудбалски таленти е Горан Станиќ.