Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека очекува британскиот парламент да го одобри договорот за Брегзит, кој британскиот премиер БорисЏонсон го склучи со ЕУ.

– Јас на овој договор му давам многу, многу голема шанса да биде одобрен и во Велика Британија и тоа би било добро за сите нас, рече Меркел на собир на бизнисмени во Берлин.

Џонсон денеска ја доби најзначајната поддршка во предизборната кампања, откако Партијата за Брегзит на Најџел Фараж се повлече од трката на 317 места, сакајќи да помогне во победата на конзервативните кандидати и да ги спречи противниците на Брегзит да го контролираат следниот парламент.

Овој потег значително ги зголемува шансите на Џонсон да остане премиер и конечно да се спроведе резултатот од референдумот одржан во 2016 година, кога Велика Британија одлучи да ја напушта Европската унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 19:03