Комисијата за правни прашања при Европскиот парламент утврди денеска дека не постои конфликт на интереси кај новите кандидати за комесари за проширување, транспорт и внатрешен пазар.

Оливер Вархелји, Адина Валеан и Тиери Бретон пред официјално да ја преземат должност, на 14 ноември ќе треба да одговараат на прашања на европратениците.

Претставник на Европската комисија соопшти дека избраната претседателка на Комисијата Урсула фон дер Лајен испратила уште едно писмо до Владата на Велика Британија, во кое го потсетува Лондон на „ветувањето и обврската“ да достават предлози за британски кандидат за комесар.

– Времето изминува. Очекуваме одговор до крајот на неделата, рече претставник на ЕК.

Од Еврокомисијата соопштија дека целта е сите процедури околку изборот на новите комесари да завршат на време, со цел Еврокомисијата да почне со работа на 1 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 20:07