Европратениците со гласање одлучија дека профилот на францускиот кандидат за член во Европската комисија не претставува ризик од конфликт на интереси, јави дописникот на МИА.

Францускиот кандидат во ЕК, Тиери Бретон го помина првиот тест пред европратениците, кои со гласање и само еден глас повеќе, одлучија дека тој нема конфликт на интереси. Комисијата за правни работи (Јури), надлежна да ја испита изјавата за интереси на поранешниот француски министер за економија, кој потоа беше извршен директор на групата за информатички Атос 11 години – одлучи дека не се потребни дополнителни прашања или понатамошно сослушување. Резултатот на тајното гласање беше 12 гласови „за“ и 11 „против“.

Французинот, кои исто така ги предводеше „Томсон“ и „Франс Телеком“, мора по ова зелено светло да го помине сослушувањето в четврток попладне пред Европскиот парламент, кој потоа ќе одлучи да ја потврди или не неговата кандидатура.

Според извори од ЕП, Бретон, назначен од францускиот претседател Емануел Макрон беше поддржан од либералите на Обновена Европа и ЕНП – европската десница.

– Излегувам болна. Сето ова е лицемерие без име, рече од своја страна европратеничката Манон Обри (радикална левица), која се залагаше заедно со еколозите и социјалистите, да Бретон даде писмено појаснување и дополнителни информации за неговата изјава за беговиот судир на интереси.

– Го загубив првиот круг против Тиери Бретон: Европратениците ЛР и ЛРЕМ само што одлучија дека неговото претседателство со Атос не претставува никаков судир на интереси! Втор круг четврток, напиша на Твитер Жил Лебретон, крајно десничарскиот европратеник, кој исто така, се залага за дополнителни прашања.

Преземајќи иницијатива пред можни сомневања за конфликт на интереси, Бретон објави дека ги продал сите свои акции во неговата поранешна компанија „Атос“, која ја напушти на 31 октомври, како и од нејзината поранешна подружница „Ворлдлаијн“. Според документацијата достапна од Финансискиот пазар (АМФ), тој располагал со 579.705 акции на „Атос“ (40 милиони евра бруто по тековната пазарна цена) и 104.734 акции на поранешната подружница на „Ворлдлајн“ (околу 5,7 милиони евра бруто). Тој, исто така, го напушти мандатот на администратор на „Ворлдлајн“, „Карфур“, телефонскиот оператор на Сенегал – „Сонотел“ и француската подружница на Банка на Америка.

Бретон најверојатно ќе биде првиот голем шеф на компанија кој ќе стане комесар. Тој исто така најави дека автоматски „ќе се повлече од секоја одлука за финансиско управување, договорно или асимилирано, што би се однесувало директно на „Атос“ или на некоја од неговите филијали“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 20:09