Поради високото ниво на загадување на воздухот во Техеран, иранската Влада донесе одлука да ги затвори сите основни училишта во главниот град, каде живеат 10 милиони луѓе.

Облак густ смог е надвиен над Техеран, како резултат на густиот сообраќај и загадувањето од фабриките.

Целата состојба е влошена затоа што веќе неколку дена нема ветер ни дожд.

Техеран е еден од најзагадените градови во светот што се однесува до воздухот. Здравствените експерти предупредуваат дека многу Иранци имаат сериозни здравствени проблеми поради загадувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 20:18