Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес и вети на Боливија дека ќе остане во политиката, додавајќи дека „борбата продолжува“.

Тој веќе пристигна во Мексико, каде доби азил откако поднесе оставка под притисок на протестите иницирани од спорните избори.

Моралес, кој воедно е и прв претседател избран од редовите на автохтониот народ на Боливија, во Мексико отпатува со авион на мексиканската Влада од боливискиот град Чиморе. Тој на Твитер објави дека го боли заминувањето од земјата од политички причини, но дека ќе се врати посилен и поенергичен.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 20:19