Младата бразилска фудбалска ѕвезда, Родриго, кој својот потенцијал и талент почна да го покажува на мечевите на Реал Мадрид, жали што не добил прилика да заигра покрај Кристијано Роналдо.
Родриго доби повик од селекторот на Бразил и в петок на пријателскиот меч против Аргентина во Ријад, би можел да дебитира за А тимот на „кариоките“, и да стане првиот играч роден во 21. век, што заиграл за петкратниот светски шампион.
– Многу сум среќен што ме повикаа во репрезентацијата. Не ни помислував дека ќе направам хет-трик на првиот меч во Лигата на шампионите. Сон ми беше да заиграм во Реал заедно со Кристијано Роналдо, штета што тој си замина. Тој е најголем, и затоа не сакам да велат дека јас сум негов наследник, не ми треба таков притисок, истакна Родриго.