Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД ја знаат локацијата на третиот човек на Исламска држава, чиј лидер Абу Бакр ал-Багдади бепе убиен минатиот месец во американски напад во Сирија.

-Нивниот трет човек во командната верига има многу проблеми, бидејќи ние знаеме каде се наоѓа, рече Трамп пред новинарите по говорот што го оддржа во Економскиот клуб во Њујорк, јавија британските медиуми.

Трамп не го кажа идентитетот на нивната нова воена цел.

Претходно месецов, САД соопштија дека го бараат Аби Ибрахим ал-Хашами ал Кураши, кој бил именуван за нов лидер на ИД.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2019 09:26