Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните два натпревари против Австрија (16 ноември во Виена) и со Израел (19 ноември во Скопје). Напаѓачот Крсте Велковски очекува позитивни резултати и задржување на третата позиција на табелата.

– Мислам дека овие два натпревари ќе бидат навистина тешки, ни недостасуваат неколку фудбалери, но сепак имаме квалитет да се обидеме да освоиме што повеќе бодови и да останеме на третото место во групата. Австрија е многу квалитетна репрезентација, играат одлични натпревари, но наше е да се потрудиме да одиграме на високо ниво и силно да се спротивставиме.

Ритамот на игра сигурно ќе биде на максимум, но и покрај отсуството на неколкумина фудбалери мислам дека физички сме подготвени за предизвикот. Со добар резултат од овие два натпревари ќе ја задржиме атмосферата за тоа што веројатно не очекува во март и натпреварот за пласман на Европското првенство, изјави Крсте Велковски за веб-страницата на ФФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2019 19:56