Приврзаниците на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо ја напуштија амбасадата на Венецуела во Бразилија, откако претходно упаднаа во неа и 11 часа ја окупираа.

Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека дипломатот што го испратиле да посредува во мирното завршување на спорот успеал да ја убеди групата до 10 лица да ја напуштат амбасадата, а дипломатските претствници на венецуелскиот претседател Николас Мадуро подоцна повторно добија пристап до зградата, пренесуваат британските медиуми.

Венецуелскиот министер за надворешни работи Хорехе Ареас на Твитер напиша дека мирно завршила насилната окупација на абасадата и им заблагодари на бразилските власти на интервенцијата.

За време на инцидентот пред амбасадата се собраа групи Бразилци, едните кои го поддржуваат Мадуро, а вторите Гуаидо, па тие дури и се судрија, но полицијата набрзо ги раздвои.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 11:52