Општина Карпош засади нови украсни растенија во населбата Нерези, на потегот меѓу улиџите „Козле“ 8 и 10. Во акцијата беа засадени 50 растенија од типот Buxsus и Juniperus. Овој дел од Карпош наскоро ќе биде раззеленет и со 20 висококвалитетни листопадни дрвја, со што целосно ќе биде зголемена флората.

Денеска се садеа дрвја и во Карпош 3, меѓу Кинотека на Македонија и ТЦ „Лептокарија“. Овие дрвја се донација од „Дајнерс Клуб“.

Локалната самоуправа продолжува со континуирани акции, со цел, да го надомести изгубеното зеленило на својата територија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 15:46