Сирискиот претседател Башар ел Асад изјави дека САД се држава изградена како „политички режим на разбојнички групи“.

– Американскиот претседател не ја претставува државата. Тој е само извршен директор на компанијата. Зад тој директор стои управен одбор составен од големи американски компании кои се вистински сопственици на државата: тоа се нафтени компании, производители на оружје, банки и други лоби групи, рече Асад, пренесува Танјуг.

Според него, САД не се држава, туку режим, чие раководство го именуваат компаниите кои работат за своја корист.

– Сакам да ве потсетам на еден момент – еден од најважните фактори што го натераа Хитлер да го нападне СССР во Втората светска војна беше нафтата, рече Асад. Според него, во денешно време САД прават иста работа и ги имитираат нацистите

– Експанзија, освојување, поткопување на интересите на другите народи, газење врз меѓународното право, хуманитарни основи и слично. И сето тоа заради нафтата, заклучи тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 19:42