Шпанската национална телевизија (РТВЕ) објави дека нема да има понуда за откупување на правата за завршницата за шпанскиот Суперкуп, што ќе се одржи во Саудиска Арабија во јануари.

Претставниците на телевизијата соопштија дека причината за нивната одлука е само една – злоупотреби на човековите права во арапската земја.

Пред неколку дена, шпанската фудбалска федерација објави дека постигнала договор завршницата за Суперкупот да се игра на Блискиот исток во текот на следните три години.

Покрај тоа, не само шампионот и победникот на Купот на Шпанија, туку четири екипи ќе се борат за тоа.

Оваа сезона тие се Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Валенсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 20:23