Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека е „целосно здрав“. Со тоа тој ги побива информациите на клубот дека има проблеми со коленото и затоа е заменет во последните два меча на тимот.

Против Милан во неделата тој беше заменет во 55. минута. Пауло Дибала, кој влезе на негово место, ја донесе победата на Јуве, но Кристијано не ја прифати добро одлуката на тренерот. По средбата, Маурисио Сари објасни дека ја направил промената затоа што видел дека Роналдо не е во оптимална состојба.

– Не само што сум во ред, но можам да кажам дека сум во одлична состојба“, рече Кристијано, кој е со репрезентацијата на Португалија и веќе се очекува да игра во квалификациите за ЕП против Литванија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2019 20:33