Во најновите судири помеѓу полицијата и демонстрантите во Ирак, едно лице загина, а над 40 се повредени, соопштија ирачките здравствени и безбедносни претставници.

Судирите се случија во Хилани, во близина на епицентарот на протестите Плоштадот Тахрир во Багдад.

Невладината организација „Аменести Интернешнал“ (АИ) соопшти дека безбедносните сили во Багдад употребиле солзавец за растерување на демонстрантие. Но, ирачкиот министер за одбрана Најах ал Шамари вчера изјави дека истрагата потврдила дека канистрите со солзавецот не ги купила владата.

Демонстрантите и денеска повикуваат на масовни протести.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 12:51