Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике го прокоментира одложеното „Ел Класико“ од 10-то коло од Ла Лига. Требаше да се случи на 26 октомври од 13 часот по македонско време, но потоа беше преместено на 18 декември од 20 часот.

Ова предизвика незадоволство кај навивачите на Реал Мадрид, бидејќи Каталонците ќе имаат повеќе одмор пред судирот од нивните ривали.

– Следниот пат ќе имаат повеќе одмор. Секогаш има некои поплаки. Таква е програмата. Натпреварот требаше да се одигра на денот кога беше закажан. Ако улогите беа обратни, Барса исто така ќе се лутеше за помалку одмор. Играчите се навикнати да играат на секои два до три дена. На натпреварите меѓу Барселона и Реал Мадрид сè се гледа под лупа. Не знам дали менувањето на сатницата е предност. Да, тоа влијае, но сакам да играм повеќе навечер отколку во текот на денот. Секој има свои преференци, коментира Пике за „Ел Партидазо“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 13:05