Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл призна дека доживува поголема возбуда кога игра за репрезентацијата на Велс отколку во натпреварите на неговиот клупски тим, Реал Мадрид.

Тој е често критикуван од мадридскиот печат за неговата одлука да се приклучи на логорот на „змејовите“ без да спроведе никаков тренинг минатиот месец во „кралскиот клуб“.

„Дефинитивно се чувствувам повозбуден кога играм за Велс. Сум бил со постари играчи од кога бевме во младинската екипа сè додека не наполнив 17 години. Тоа е како да играте со вашите пријатели во парк во недела, тоа е нормално. Во Велс, јас зборувам на свој јазик и се чувствувам поудобно. Сепак, овој факт не го менува она што го правам на терен. Каде и да сум, секогаш давам 100% на теренот. Ова е она за што секогаш се стремам“, вели крилото.

За критиките на шпанските медиуми, тој вели: „Тие имаат свое мислење за мене. Слушнав приказни за мене, но не им обрнувам внимание на нив. Се обидов да се вратам во игра што е можно поскоро. Моите пријатели ми испраќаат смешни слики или работи што пишуваат за мене. Да бидам искрен, сметам дека овие работи се забавни“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 15:24