Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино не е задоволен од фактот дека раководството на клубот не успеало да потпише со играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо во текот на летото, пренесува „Сан“.

Почетно сакал да го види во својот тим 27-годишниот Бразилец, кој на крајот беше испратен за изнајмување во Баерн (Минхен).

Аргентинскиот стратег инсистираше на тоа дека на Тотенхем му се потребни големи трошоци за зајакнување на составот.

Кутињо играше за Еспањол во 2012 година, кога беше предводен од Почетино.

Бразилецот оваа сезона има 10 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи 2 гола и 3 асистенции.

Тотенхем е 14-ти во Премиер лигата со 14 освоени поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 21:44