Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски на пресот пред утрешниот натпревар против Австрија во квалификациите за ЕУРО 2020 изјави дека тимот има кадровски проблеми и дека шанса ќе добијат некои од дебитантите.

Тој додаде и дека сигурен е дека утре сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат

– Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека утре сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат. На овие мечеви сакаме да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето на Лигата на нации. Австрија беше доминантна во текот на квалификациите, тие се на прагот на пласман на Европско првенство, но ние си ја гледаме нашата работа, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Натпреварот Австрија-Македонија се игра во сабота во стадионот ”Ернст Хапел” во Виена со почеток од 20:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 21:50