Тренерот на Интер, Антонио Конте се движи со телохранители откако добил анонимно писмо со куршум, објави „Кориере дела Сера“. Полицијата започнала истрага за случајот.

Конте е поранешен тренер на Јувентус и тифозите се несреќни што го презеде големиот ривал од Милано – Интер.

Во последно време, писмо со куршум се користи често за заплашување на политичарите во Италија, забележуваат италијанските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2019 11:56