Најмалку 10 лица загинаа денеска во бомбашки напад во сирискиот град Ал-Баб во близина на турската граница, јави новинската агенција Анадолија.

Сè уште не е познато кој го извршил нападот.

Турција и нејзините сојузници од редовите на сириските бунтовници започнаа три одделни офанзиви во северниот дел на Сирија против курдската милиција и ја зазедоа контролата врз областа по должината на границата со Турција, вклучително и Ал-Баб.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2019 12:55