Турција го купи ракетен одбранбен систем С-400 од Русија за да го користи, а не за да и стои на страна, изјави денеска шефот на турскиот Директорат за одбранбена индустрија Исмаил Демир.
Реакцијата доаѓа по заканата за санкции од САД доколку Турција го користи тој систем. Вашингтон предлага Турција да го купи американскиот систем „Патриот“.
Во интервју за Си-Ен-Ен Турк, Исмаил Демир рече дека не е логично ниту една земја да купи ваков систем само за да го остави настрана и додаде дека Анкара и Вашингтон се фокусирани на решавање на проблемот.
– Не е вистинскиот пристап да се каже„ нема да ги користиме за нивно добро “за систем што го купивме од нужда и толку скапо го плативме, рече Демир. – Имаме сојузнички односи со Русија и со САД. Мора да продолжимеда ги почитуваме договорите што ги потпишавме, рече тој.