Дојде крајот на ерата на Ули Хенес во Баерн Минхен. Хенес (67) се раздели со клубот со солзи во очите на генералната средба на клубот во олимписката арена во Минхен во присуство на околу 9.000 делегати.

– Ми дадовте убави години во Баерн, рече Хенес пред членовите на клубот, кои подоцна едногласно го избраа поранешниот шеф на „Адидас“, Херберт Хајнер за нов претседател на клубот.

Ули Хенес е во Баерн веќе 50 години. Тој играше за екипата од 1970-1979 година, по што беше генерален директор на клубот во текот на 30 години и претседател на Баварците од 2010 година, со кратка пауза поради престојот во затвор за затајување данок.

Хенес го напушта Баерн во одлична состојба, откако клубот генерираше рекорден промет од 750,4 милиони евра за сезоната 2018-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2019 14:14