Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ, кој ќе го напушти Л.А.Галакси, е подготвен да се врати во Серија „А“, но бара плата од 1 милион евра месечно, пренесува „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Република“.

Интерес за шведскиот напаѓач има од Милан, Рома, Болоња и Наполи. Според изворот, 38-годишниот фудбалер сака да потпише шестмесечен договор со месечна плата од 1 милион евра.

Фаворит за потписот на играчот е Милан, но „росонерите“ сакаат да ја намалат платата на 4 милиони евра за 6 месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2019 14:22