Капитенот на Бразил, Тијаго Силва исто така изрази лутина поради однесувањето на петкратниот добитник на „Златната топка“, Лионел Меси за време на вчерашната победа од 1:0 над јужноамериканскиот колос во Ријад.
Напаѓачот на Барселона беше обвинет од бразилскиот селектор – Тите, дека го навредил и генерално се однесувал арогантно. Снимките покажуваат дека Меси го повикува менторот да молчи во ситуација кога тој инсистира да му биде покажан жолт картон.
– Меси сакаше да командува, тој сакаше да го свири мечот. Тој шутна двајца фудбалери, но судијата не направи ништо. Тоа беше за втор жолт картон и бркање. Отидов да се расправам со судијата за ова, и Меси се силеше. Сепак, тој ја нема оваа предност во Лигата на шампионите затоа што судиите се многу поцврсти. Таму, Лео не се обидува да се наметне на ваков начин. Но, има арбитри кои заради восхитувањето кон него, почнуваат да судат во негова корист. Восхитувањето кон некого треба да се задржи настрана во вакви случаи. Меси се обидува да ги присили арбитрите да му свират прекршоци. Разговаравме и за ова со други играчи од Шпанското првенство. Ние многу зборуваме за воспитувањето, но во исто време, еден од најпознатите играчи му вели на еден … добро, јас нема да кажам „старец“ затоа што тој (Тите) ќе ми се налути, но тој му кажува на тренерот да молчи. Без оглед на ривалството, воспитувањето мора да биде на прво место, рече дефанзивецот на ПСЖ.