Годишнината од движењето на „Жолтите елеци“ беше пропратена со насилство во Париз и нова „окупација“ на кружните текови, со цел да му се даде „нов здив“ на движењето, јави дописникот на МИА.
Денешниот ден во Париз повторно беше одбележан со враќање на хаосот во некои делови од главниот француски град. Во некои моменти тој потсетуваше на моментите кога движењето беше најсилно во текот на изминатата година. За време на утрото и добар дел од попладнето на плоштадот Италија, беа собрани стотици демонстранти, како и десетици насилници.
Околу 10 часот, за прв пат беше забележан оган на палети пред да биде изгаснат од пожарникарите. Во близина, булеварот Ориол, нешто пред пладне, беше запален втор пожар, кој набрзо беше изгаснат. На почетокот на попладнето, непосредно пред 14 часот, повторно беа запалени неколку пожари, меѓу кои моторцикли, потоа два автомобили, меѓу кои и комбе Рено на градското собрание на Париз.
Голем број на насилници подигнаа барикади што полицијата се обиде да ги отстатрни. Полицијата редовно користеше солзавец за да ги растера демонстрантите. Притоа една агенција на банката HSBC беше нападната од демострантите.
Повеќе автомобили беа превртени, на улиците имаше градежна опрема и изгорено ѓубре: за половина час, спорадичните напади на малите групи се претворија во насилство, во кое беа повредени демонстранти и пожарникари кои беа спречени да интервенираат.
Трговскиот центар „Италија 2“, на плоштадот, беше затворен при првите инциденти. Околу 13 часот, неговите влезни врати и прозорците на соседниот хотелски комплекс беа нападнати со коцки од десетици лица со качулки облечени во црна боја.
После плоштадот Италија, демонстрантите се распрснаа на неколку места во Париз, вклучувајќи ги Халите во многу напната атмосфера. Урбаниот мебел беше уништен и дојде до судири со полициските сили во трговскиот центар.
Утрото, една од овластените поворки, оставена од портата Шамперет, која беше неколку стотици „жолти елеци“ кои парадираа глобално земено доста смирено се обидоа да го блокираат кружниот автопат околу Париз.
Други демонстранти се најдоа во близина на Елисејската палата и Триумфалната капија, сектори, кои беа забранети за демонстрации. манифестација.
Групи демонстранти беа забележани и во секторот на местото Клиши или Пигал, на северот на главниот град.
Десетици метро станици, исто така, беа затворени за сообраќај, повеќето од нив во центарот на главниот град.
Префектурата на Париз објави во 16 часот, дека имало 105 уапсени. На Твитер, таа напиша дека запленила „ оружје наменето“ за Шамперет преку превентивни контроли. На објавените фотографии може да се забележат маски за гас.
Протeсти имаше и во другите градови на Франција.
За овој „53 чин “, „револтот на кружните текови“, роден пред една како протест против данокот на горивото пред да стане големо протестно движење кое го наруши мандатот на Емануел Макрон, организаторите се надеваа дека тоа повторно ќе оживее. Откако владата напарви повеќе потези, како бонуси за активност, прекувремени работни часови без данок и организираше огромна национална дебата, движењето скоро исчезна од улиците. Но, владата на Макрон е претпазлива по протестите на студентите, по самозапалувањето на еден од нив оваа недела, потоа протестите на вработените во болниците и најавениот штрајк и демоснтарции на 5 декември против реформата на пензискиот систем, таа стравува од можно здружување на сите овие незадоволни од реформите на претседателот Макрон.