Во пријателска средба одиграна на стадионот Христо Ботев во Благоевград, екипата на „Каменица Саса" загуби од домашната екипа на Пирин со 2:0.
Головите на натпреварот беа постигнати во второто полувреме кога домаќините беа понадмоќни од гостите од М.Каменица.
Стрелец на првиот погодок за домашната екипа беше поранешниот играч на Арсенал, Колин Хендерсон кој постигна ефектен погодок од 30-35 метри во 55 минута од натпреварот. Победата ја потврди В’лчанов петнаесет минути пред крај на средбата.