Иранскиот министер за внатрешни работи Абдолреза Рахмани Фазли изјави синоќа дека безбедносните сили ќе реагираат доколку демонстрантите, протестирајќи низ целата земја поради зголемувањето на цената на горивата, продолжат да се загрозуваат приватен и јавен имот.

„Безбедносните сили досега покажаа воздржаност и толерираа протести. Но, бидејќи мирот и безбедноста се наш приоритет, безбедносните сили ќе ја исполнат својата должност да го вратат редот ако продолжат нападите врз јавна и приватна сопственост“, рече Фазли за Иранската телевизија.

Најмалку едно лице загина во иранскиот град Сирјан за време на протестите против цената на горивата, соопштија претходно локалните власти.

Протестите избија откако владата на претседателот Хасан Рохани објави дека ќе ги зголеми цените на горивата за најмалку 50 проценти.

„Фајненшл тајмс“ објави дека, според непотврдени информации, бензински пумпи во некои градови биле запалени.

Демонстрантите во Багдад вчера окупираа стратешки плоштад во центарот на градот, движејќи се кон целта да стигнат до добро обезбедената Зелена зона, каде се наоѓа зградата на владата.

Претходно беше објавено дека демонстрант е убиен во северозападен Багдад.

Најмалку 320 луѓе се убиени и илјадници повредени од избувнувањето на немирите од 1 октомври во главниот град и повеќето шиитски јужни провинции.

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците поради наводна корупција, недостиг на работни места и лоши јавни услуги.

Ирачките безбедносни сили се повлекоа од плоштадот Килани и дел од мостот Синак, откако претходниот ден пукаа и фрлаа солзавец кон демонстрантите, кои се обидуваа да урнат бетонска бариера што го блокира влезот на плоштадот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 11:54