Јужна Кореја и САД се согласија да ги одложат заедничките воздушни вежби заради поддршка на дипломатијата со Северна Кореја, а американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја повика Северна Кореја на таа одлука да возврати со добра волја и да се врати на разговорите за денуклеаризација.

-По консултација и внимателно разгледување, министерот Јеонг (Kеонг До, министер за одбрана на Јужна Кореја) и јас решивме да ги одложиме комбинираните воздушни вежби закажани за овој месец, рече Еспер на заедничката прес-конференција во Бангкок.

Вежбите требаше да се одржат кон крајот на ноември, при што Северна Кореја се спротистави и предупредуваше на „шокантна казна“ што САД нема да можат да ја издржат доколку се одржат вежбите.

Еспер додаде дека одлуката за одложување на вежбите е знак на добра волја.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 12:18