Селекторот на Косово, Бернар Шалан, се пошегува како неговиот тим би можел да го запре напаѓачот на Англија, Рахим Стерлинг, во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 кој се игра подоцна денес.

Според него, напаѓачот на Манчестер Сити е незапирлив и има само еден начин да го запре – ако ја скрши сопствената нога.

– За нас не е добра вест дека Стерлинг се подготвува за натпреварот. Тој е еден од најдобрите во светот на својата позиција. И тој ќе стори сé за да ни даде гол. Треба да го спречиме колективно. Или да скрши нога. Но, ова не е наш стил – ние сме премногу љубезни, изјави Шалан, цитиран од локалните медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 14:37