Русија почна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25 ноември минатата година во Керченскиот Теснец, соопштија руските власти.

„Операцијата за враќање започна“, изјавил извор за ТАСС.

Телевизијата „Крим24“ објави дека бродовите биле транспортирани со моторни чамци на Руската Федерална служба за безбедност на Крим и ќе бидат предадени на Украина кај р`тот Тарханкут.

Пред речиси една година, три украински бродови што минуваа низ Керченскиот Теснец на патот кон Мариупол, беа заземени затоа што немале дозвола за минување и беа заробени во руските територијални води.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2019 14:51