Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за неговиот политички ривал Џо Бајден дека е „нешто подобар од бесно куче“.

Трамп на Твитер напиша во порака до лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун дека демократскиот кандидат за претстојните претседателски избори е „можеби поспан и многу бавен“, но не и „бесно куче“ и е „нешто подобар од тоа“. На тој начин тој одговори на вчерашната оценка на државната севернокорејска новинска агенција КЦНА дека поранешниот американски потпретседател е „бесно куќе кое треба со стап да се претепа до смрт“.

Трамп му порача на Ким дека тој е единствениот кој „може да го доведе таму каде што треба да биде“ и го повика да дејствува брзо и да дојде до договор. Твитот завршува со зборовите „Се гледаме наскоро“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 00:38