Светскиот шампион за 2010 година со Шпанија – Чаби Алонсо објасни зошто го напуштил Реал Мадрид во 2014 година, заради предлог на Баерн Минхен.
– Бев многу љубопитен да ги научам тајните на Пеп Гвардиола. Тој ги тера играчите да чувствуваат дека го знаат својот противник подобро од самиот себе. Фудбалските сезони се долги, но Пеп никогаш не се чинеше уморен. Тој е секогаш на штрек, апсолутно секогаш!, рече Алонсо.
Шпанецот помина три години под водство на Каталонецот, по што се откажа од фудбалот на 35 години.
Во моментов, Чаби е тренер на вториот тим на матичниот Реал Сосиедад.