Војската на Буркина Фасо објави дека убила 32 „терористи“ за време на операциите на северот на земјата, подрачје кое сè почесто е цел на џихадистички напади.

Пред околу десетина дена, 38 луѓе загинаа во напад што им се припишува на џихадистите на истокот на таа земја, изведен врз конвој на канадската рударска компанија „Семафо“.

Во петокот воена патрола ги пронашла напаѓачите, и со артилериска акција и неколкучасовни борби ги ликвидирала терористите, соопшти синоќа Војската.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 10:13