Почнувајќи од 19-ти па сè до 26-ти ноември, Дистрикт бар и ресторан ќе биде домаќин на Неделата на италијанската кујна. Официјалното отворање на настанот ќе се одржи на 19-ти ноември со вечера од 5 италијански јадења, подготвени од главниот готвач на ресторанот, Кирил Ставрев во соработка со реномирани италијански готвачи.Состојките за секое од јадењата се автентични, ароматични и внимателно избрани за да ја доловат вистинската гастрономска магија која ја нуди оваа кујна.

Реномираните италијански готвачи доаѓаат од Институтот „AncelKeys” од Салерно, Италијакојшто претставува светски амбасадор на Медитеранската исхрана, и кој во 2010-та година е прогласенза нематеријално културно наследствоод страна на УНЕСКО.

Местата за вечерата на денот на отворањето се ограничени, а цената на сет менито изнесува 1200 денари по лице. Резервирање на места е достапно на телефонскиот број 071/238-522.

Деновите на италијанска кујна по отворањето, продолжуваат до 26-ти ноември со a’lacarte мени за сите љубители на исклучителна италијанска храна.

Оваа единствена можност за откривање на вистинскиот медитерански вкус, со италијански шмек е овозможено од страна на Италијанската Амбасада и Италијанската Агенција за трговија во соработка со Скопје Мериот хотел.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 13:05