Аријана Гранде мораше да ја прекине турнејата „Sweetener”, поради тегобите коишто ја мачат веќе некое време, поточно – уште од настапот во август во Лондон, како што гласи нејзината објава на Твитер.

Познатата поп-пејачка тврди дека гласот ѝ звучи добро, но поради болест снемала здив на сцената, па уште тогаш се посомневала дека нема да може да продолжи со концертните должности. Во пораката таа истакнува дека состојбата ѝ се влошува и оти ќе мора да го откаже настапот во Лексингтон, Кентаки, САД.

Притоа, додава и дека болеста без дијагноза, е „грдо чувство“, како тоа што не може да голта, ниту пак, да ја подигне главата.

Иако сè уште не е сигурна што ги предизвикало нејзините здравствени проблеми, им вети на обожавателите дека ќе им се јави „веднаш штом открие што точно ѝ се случува со организмот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 16:48