Агентот на Пеп Гвардиола, тврди дека неговиот клиент нема намера да се врати на клупата на Баерн Минхен.

По ослободувањето на Нико Ковач, најтрофејниот клуб во Германија нема постојан тренер, и се шпекулира дека е можно баварците да се обидат да го убедат каталонецот да се врати во Баерн, каде работеше од 2013 до 2016 година и освои три титули во Германија, но во ЛШ испаѓаше во полуфиналињата.

„Во фудбалот нема ништо сигурно, но Пеп добро се чувствува во Манчестер. Со Сити има договор до 2021 година. Само новинарите ме прашуваат за иднината на Гвардиола“, рече менаџерот Хосеп Марија Оробитг.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 23:04