Израел нема шанса да биде на трето место во групата, но тоа не значи дека нема да сака да победи на утрешното гостување во Скопје на крајот на квалификациите за Европското првенство во фудбал.

– Сите три селекции кои се бореа за третото место во групата се на слично ниво, а Полска и Австрија се подобри затоа што грешеа помалку. Мора да бидеме поагресивни. Треба да играме како во второто полувреме против Полска. Мислам дека ќе биде квалитетен натпревар, бидејќи двата тима играат офанзивно, вели селекторот на Израелците, Андреас Херцог.

Напаѓачот Захави има шанса да биде прв стрелец во квалификациите, па и тоа им е мотив плус да дадат голови на дуелот со „црвено-жолтите“ на селекторот Игор Ангеловски, кои исто така со нешто изменет состав ќе се појават на терен, отколку на гостувањето кај Австрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2019 23:12