Новоформираниот Центар за трансфер на технологии при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) – Штип со панел дискусија „И стартап е опција“ се вклучи во одбележување на Глобалната недела на претприемништво.

Проректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека ова е систем којшто би требало да овозможи развој на нови идеи, кои доаѓаат и од стопанството и од универзитетите, за како што рече, тие да се комерцијализираат.

-Во ова гледаме развој на нов сектор на услуги коишто би можеле да ги комерцијализираме, поедноставно и попрактично компаниите да дојдат, кои имаат одредени проблеми и бараат решенија на тие проблеми. Дали да се тестира проблемот, за практично да да се реши, потоа дали да им дадеме информации за понови технологии. Токму овие стартапи и Центарот за трансфер на технологии би биле мост и да се поврзат овие субјекти, а ќе се добие комерцијален производ, услуга, а од коишто и двете страни ќе имаат бенефит, вели Мираковски.

Целта им е научните истражувања да излезат од книгите и да почнат да носат пари.

Игор Андреев од Х фактор акцелератор од Велес истакна дека со оваа панел дискусија очекува малку да се раздвижат стартапите и во останатите региони во земјава, не само во Скопје. Забележува дека постојат веќе една година како акцелератор и се позитивно изненадени од резултатите коишто ги имаат.

-Во првиот инвестициски циклус ни се јавива педесетина апликанти , од кои 13 влегоа во пред акцелераторска програма, осум презентираа пред Комитетот за одобрување на инвестиции, а веќе сме во финална одлука за инвестирање во два или три најатрактивни стартапи, коишто имаат иновативен и голем потенцијал за раст, вели Андреев.

На денешната панел дискусија присуствуваше и Бранислав Марковски од Фондот за иновации и технолошки развој, кој најави нов финансиски инструмент, наменет за компаниите, коишто сакаат да спроведат иновациски активности во соработка со високообразовните институции. Критеримуите за вредносниот ваучер од 10.000 евра ќе ги објават до крајот на годината, а засега има работен наслов „Инвестициски ваучери“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2019 14:32