Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека најмалку сака да игра на стадион на Севиља.
Го мразам стадионот на Севиља заради атмосферата. Тоа е навистина комплимент за навивачите на шпанскиот тим кои вршат голем притисок на противничките фудбалери, изјави Клоп.
Иако во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите во ноември 2017 година, англискиот клуб ја водеше Севиља со 3: 0 по првото полувреме, на крајот средбата заврши нерешено – 3:3. Можеби токму овој натпревар беше пресуден за Клоп да го прогласи „Естадио Рамон Санчез Пизхуан“ за негов најмалку омилен стадион.