Дефанзивецот на Јувентус, Џорџио Киелини зборуваше за очекуваниот временски рок на враќање на терените. Претходно, тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

- Мислам дека ќе се вратам на теренот во февруари-март. За жал, ова е сè уште долго време. Поминав неколку дена во странство, а утре ќе продолжам со рехабилитација, што оди добро. Треба да бидете трпеливи, изјави Киелини.

Оваа сезона 35-годишниот дефанзивец настапи на еден натпревар за Јувентус во Серија А. Тој играше на дуелот против Парма на кој го постигна единствениот гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 09:42