Долниот дом на полскиот Парламент синоќа и изгласа доверба на новата Влада на премиерот Матеуш Моравјецки.

Сејмот ја потврди новата Влада со 237 гласови „за“, 214 „против“ и тројца „воздражани“.

Моравјецки пред гласањето ги презентираше насоките на својата политика, ветувајќи продолжување на економскиот раст и спроведување на конзервативната општествена агенда на својата партија Право и правда (ПиС).

– Наша главна цел е Полска да стане најдобро место за живот во Европска Унија, посочи Моравјецки.

Тој истакна дека сака Полска да достигне економски раст од два до три проценти над просекот во еврозоната, со цел да се создадат услови за јакнење на средната класа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 10:12