Капитенот на Англија, Хари Кејн стана најдобар стрелец во квалификациите за Европско фудбалско првенство во 2020 година. На осум натпревари, тој постигна 12 голови, четири од нив беа од пенал.

Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо заостана зад еден гол зад Кејн. Португалецот даде 11 гола, три од нив од пенал.

Исто така 11 погодоци постигна и Еран Захави од израелскиот национален тим, но за разлика од Кејн и Роналдо, Израелецот сите голови ги даде од игра.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 10:37