Новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави дека му е чест и големо задоволство да работи во клуб со големо наследство.

– Задоволен сум што се приклучувам на клубот со толку големо наследство и толку страсни поддржувачи. Квалитетот на тимот и академијата ми предизвикуваат пријатна возбуда. Исто така, јас сум крајно привлечен да работам со фудбалери какви што има Тотенхем, изјави Мурињо.

Премиерлигашот од Лондон склучи договорот за соработка со 56-годишниот специјалист со важност до крајот на сезоната 2022/23.

Последното место на кое работеше Мурињо беше Манчестер јунајтед од каде беше отпуштен во декември 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 10:51