Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн му се заблагодари на Маурисио Покетино, поранешниот тренер на тимот кој синоќа доби отказ.

- Шефе, секогаш ќе бидам благодарен што ми помогна да ги остварам своите соништа. Имавме неколку неверојатни моменти во текот на изминатите пет и пол години, што никогаш нема да ги заборавам. Вие не бевте само мојот тренер, туку и мојот пријател, и ви благодарам за оваа врска. Среќно во следната фаза, напиша Кејн на Твитер.

Тотенхем на местото на Покетино го ангажира Жозе Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 10:59