Изнајдено е решение за продолжување на изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

Владата на вчерашната седница даде согласност за преземање на обврските во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните 2020 и 2021 година на Министерството за образование и наука, да почне постапката за јавна набавка за склучување повеќегодишен договор за продолжување со изградба на ООУ „Димитар Македонски“, Општина Аеродром, Скопје, во вкупна вредност од 58.788.000,00 денари.

По надминување на проблемите, конечно учениците ќе добијат нова зграда.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 11:11