Актуелниот англиски шампион Манчестер сити има намера да ги подобрат условите во договорот со 24-годишниот фудбалер и репрезентативец. Стерлинг пред само една година потпиша договор со „граѓаните“ вреден 300 илјади фунти.

Според „Дејли меил“, клубот веќе започнал преговори со Стерлинг за продолжување на договорот, пресметан до летото 2023 година. Ова се должи на големиот интерес што го покажуваат Реал Мадрид и Барселона кон играчот.

Новиот договор би требало да го направи Стерлинг еден од најплатените играчи во Англија.

Стерлинг на 17 одиграни натпревари за Сити оваа сезона постигна 14 голови и забележа пет асистенции. з



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 16:11