Руските и американските разузнавачки агенции ја продолжуваат соработката во борбата против тероризмот, изјави денеска директорот на руската Надворешно-разузнавачка служба, Сергеј Наришкин.

-Посебно соработуваме со американската Централно-разузнавачка агенција (ЦИА). Нашата соработка ја покрива борбата против меѓународниот тероризам, рече Наришкин.

Тој додаде дека Надворешно-разузнавачката служба продолжува да соработува и со другите држави на прашањето на борбата против тероризмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 17:34