Манчестер јунајтед ќе се обиде да го привлече младиот италијански репрезентативец Николо Заниоло, јавуваат италијанските медиуми. Играчот од средниот ред на Рома е еден од најголемите таленти на Апенините, а „црвените ѓаволи“ би можеле да го искористат Крис Смалинг како адут во можниот договор.
Англискиот дефанзивец им се придружи на „волците“ на позајмица пред почетокот на сезоната и остави одличен впечаток со својата игра досега. Рома најверојатно ќе се обидат да го задржат Смилинг, а од „Олд Трафорд“ бараат сума од 15 до 20 милиони евра. Од почетокот на сезоната, Заниоло има 12 натпревари во Серија „А“ со три гола, а бешепрецизен и пред два дена за репрезентацијата на Италија при победата од 9-1 над Ерменија.