Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено и некои источноевропски земји можеби да размислуваат за излегување од Европската унија, во следните неколку години.

Путин ова го кажа пред учесниците на инвестицискиот форум „Русија повикува“ и потсети дека внатрешната неусогласеност во ЕУ почнала заради системот на распределба на фондовите што предвидува значајна подршка во износ од неколку десетици милијарди евра да им се пружи на „земјите кои се уште не достигнале одредено ниво на економски развој“, пренесе Тасс.

„Некаде околу 2028 година одделни источноевропски земји ќе достигнат такво ниво на економски развој заради што ќе мора да плаќаат. Не сум сигурен дека тогаш нема да ги повторат размислувањата на Велика Британија ( за напуштање на ЕУ), рече Путин. с



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 17:56